Камион се излизга од патот Гостивар – Маврово каде има силни врнежи од снег
Во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици Е-112 е добиена информација дека камион-цистерна, се има излизгано надвор на патот Гостивар – Маврово, каде што во моментот има врнежи од снег.
За настанатата ситуација, пријавениот итен случај на терен, од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, коишто информирале дека веднаш имаат имаат испратено камиони за расчистување на наведениот патен правец. Истовремено, од ЦУК им е даден контакт на дежурните во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од лицето кое управувало со цистерната за да можат да ја одредат точната локација каде што се наоѓа цистерната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа