Камерите снимија сѐ: Конгресмен ја извади маската, па кивна и не ги дезинфицираше рацете- Колегите прекорно гледаа во него

За време на вчерашната расправа за отповикувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, камерите забележаа еден бизарен детал.

Дејвид Сисилајн од редовите на Демократите во еден момент кивна, но тоа немаше да биде воопшто чудно доколку претходно не ја извадеше заштитната маска. Тој седеше веднаш зад Ивет Кларк која во тој момент говореше, па камерите го снимија неговиот нелогичен потег.

Инаку, Соединетите Американски Држави се најтешко погодената земја на светот од пандемијата на коронавирусот.

Епидемиолозите и докторите веќе една година укажуваат на тоа дека вирусот најмногу се пренесува преку кивање и кашлање, поради што во таквите случаи е задолжително носењето на заштитна маска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега