Калеска Ванчева: Недела неработен ден обезбедува заштита на работничките права

“Недела неработен ден е уште реализирано ветување од страна на Владата предводена од СДСМ кое е во насока на унапредување на работничките права”, истакна на денешната прес-конференција, Снежана Калеска Ванчева, претседателка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка.

Таа додаде дека рамнотежата помеѓу личниот и професионалниот живот е важна, затоа со законските измени недела е дена за неделен одмор за 92 отсто од работниците. Останатите осум отсто кои работат во неделите, добиваат од 50 до 100 отсто повисоки дневници, а со тоа добиваат и повисоки месечни примања.

Според Ванчева преку оваа мерка, во Буџетот се слеваат два отсто повеќе даноци кои ќе завршат во посебен фонд од кој ќе се инвестира во изградба на детски градинки.

СДСМ останува посветена на грижа за работниците и унапредување на нивниот економскиот стандард.

За само четири години минималната плата порасна за над 6.000 денари, односно од 9.000 на 15.200. Преку отворен дијалог со сите засегнати страни, наскоро ќе следува ново зголемување на минималната плата.

Како Влада, како парламентарно мнозинство, преку конкретни мерки и политики, продолжуваме да ги унапредуваме правата на работниците и да го зајакнуваме економскиот стандард на сите граѓани,додаде Ванчева.

24.01.2022 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега