Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат овие светители:

Преподобните Исакиј, Далмат и Фауст

Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под 30 мај). Свети Далмат најнапред беше офицер кај царот Теодосиј Велики и царот го чуваше во голема чест. Но кога во него се разбуди духот, тој презре с ? светско, го напушти чинот, го зеде својот син единец Фауст и со него отиде во предградието на Цариград, во обителта на Свети Исакиј, каде што обајцата примија монашки потстриг. Далмат сиот му се предаде на богоугодниот живот, на голема радост на старецот Исакиј. И кога му се приближи смртниот час, старецот го постави Далмат за игумен наместо себеси. Подоцна таа обител по него се нарече Далматска.

Тропар
Напојувајќи се од добриот корен, Исакиј угодникот Господов, Далмате и Фаусте, се подготвивте за Небесната татковина, презирајќи го минливото и суетно живеење. Затоа со разум благодатен наградени бевте, и сега ве молиме за нас да се застапите пред Домостроителот на нашето спасение.

Преподобен Козма евнух

Монах од лаврата Фаранска. Многу учен во Светото Писмо. Толку ги ценел делата на Св. Атанасиј Велики што му велел на својот ученик: „Кога ќе слушнеш некој збор од книгите на Свети Атанасиј, ако немаш хартија запиши го на рака.“ На старост дојде во Антиохија кај патријархот Григориј (+584г.) и тука го заврши својот земен живот. Патријархот нареди телото на Козма да се погреба во манастирот на Патријаршијата. Еден човек често доаѓаше на Козминиот гроб и чевствувајќи го Светителот, Му се молеше на Бога. Кога го прашаа зошто прави така, објави дека дванаесет години лежел фатен и дека Свети Козма го исцелил.

Тропар
Расудувањето како дар од Бога се приви за разумот твој, о Козмо, подвижниче Христов, мерка зеде на времето минливо и безвременост доби во Царството Небесно. Затоа за нас моли се, оче преподобен, од Бога да измолиме спасение за нашите души.

Преподобен Антониј Римјанин

Роден е во Рим во 1086 година, од родители благочестиви и имотни. Во тоа време Римската црква се одвои од Источната и сите што ? останаа верни на Источната Црква беа гонети од римскиот клир. Меѓу гонетите беше и Антониј. Тој го раздаде сиот наследен имот и се замонаши. Се подвизуваше стоејќи на една карпа во морето четиринаесет месеци. Но карпата се одвои од својата основа и по некоја чудна промисла доплови во Новгород. Во Новгород љубезно го прими архиерејот Никита и му помогна да ? подигне црква на Пресвета Богородица, каде што потоа се крена манастир. Поживеа Свети Антониј долго како игумен на манастирот, пројави голема благодатна сила преку многу извршени чуда и се упокои мирно во 1146 година, кога се пресели во дворците на Господ.

Тропар
О велик Антоние, кој се удостои да бидеш положен во рацете на Каменот аголен, радувај се оче преподобен, бидејќи на Тој брод далечина нема и времето земно мирува. А ти, солзна покривка радосна даде на душата твоја: приведувајќи мнозина кон Христа, пастиру Господов. Моли се за нас, странецу земен, на кого денес чест воздаваме и на твоите нетлени мошти се поклонуваме.

Света мироносица Саломија

Мајката на Светите апостоли Јаков и Јован. Жена на Заведеј, а ќерка на праведниот Јосиф. Му служеше на Господ за време на Неговиот земен живот и се удостои да биде меѓу првовесниците на Неговото воскресение.

Тропар
О мајко апостолова, ти која славата Божја пред с? ја посакуваше, Тебе Христос умот ти го озари, до познание дојде дека волјата Господова е над секоја желба човечка, зашто Он знае колкава тежина на Крстот треба да понесеме. Мајко Саломие, моли се, о ти мироносице, Христос тежините да ни ги олеснува и Неговиот благ јарем да го прифатиме.

15.08.2022 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега