Откако доби и плати казна за надминување на дозволената брзина, професорот по кривично право Гордан Калајџиев повторно го отвори прашањето за ефектите од проектот „Сејф сити“. Тој реагираше на јавните критики упатени кон оние што изразуваат резерви за системот, посочувајќи дека дебатата не треба да се сведува на етикетирање.
„И така дознав дека ние што имаме некакви забелешки за Безбеден град всушност сакаме да газиме деца по улици, објави 4news.mk Искрено, шансата да прегазам некого сега кога зјапам во брзинометарот се поголеми од порано. Пс. Системот се разбира само ги намали брзините, но и натаму не влијае врз пешачките премини, пијаните возачи…“, напиша тој.
Калајџиев оценува дека иако системот придонесува за намалување на брзината, потребни се пошироки мерки за подобрување на сообраќајната безбедност, особено во делот на заштитата на пешаците и санкционирањето на возачите кои управуваат под дејство на алкохол.


