Како се пренесува коронавирусот - д-р Глигиќ стави точка на сите претпоставки

Шефот на кризниот штаб за борба против коронавирус, д-р Предраг Кон изјавил претходните денови дека постои голема можност ситуацијата, која е сега во Белград неповолна, веќе следната недела да прерасне во вонредна.

Вирусот се шири со молњевита брзина, сите европски земји поминуваат низ најлошото сценарио од почетокот на пандемијата, а доколку не се придржуваме на мерките и не носиме маски, ни нас нема да не заобиколи, е мислењето на водечкиот српски епидемиолог.

За тоа како вирусот се пренесува, имаше доста текстови, а вируологот во пензија, д-р Ана Глигиќ стави точка на претпоставките.

„Новиот коронавирус се пренесува на сите можни начини - преку контакт, капљично, преку респираторен пат, преку воздух, само уште не е докажано дека може да се пренесе и преку храната која ја јадемне. Затоа советува сите и покрај добро познатите мерки да се заштитуваат секојдневно со проветрување во станот, особено рано наутро, штом се разбудите“, изјавила д-р Глигиќ.

„Ноќе честичките на лебдечкиот вирус паѓаат на под, па паѓаат на под, а наутро ние ги креваме повторно во воздух. Бидејќи новиот коронавирус долго се одржува во надворешна средина, докажано и по 16 часа, а некои тврдат и подолго, наутро е се уште жив, па штом стигне до слузокожата на носот тој почнува да се размножува во влажна средина. Исто така, препорачувам сите површини во станот кои чсто ги допираме редовно да ги чистиме со средство за дезинфекција“, вели докторката која била шеф на лабораторијата во време на епидемијата ваиола вера во 1972 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега