Како кинеската економија бележи голем раст додека целиот свет влегува во минус?

Бруто домашниот производ на Кина во третиот квартал порасна за 4,9 отсто со што кинеската економија повторно се враќа на предковид траекторијата на само половина година откако пандемијата го погоди стопанството.

Според проценките на почетокот на годинава, се очекуваше кинеската економија да порасне помеѓу 5,5 и 6 отсто. Но овие проценки беа направени пред пандемијата со коронавирусот, која се појави токму во оваа држава, да убие повеќе од еден милион луѓе и да ја бутне глобалната економија на колена.

Растот во третиот квартал се должи на тој од вториот, од 3,2 проценти, што следи по историската контракција од 6,8 отсто во првите три месеци кога властите под карантин го ставија Вухан во обид да спречат брзо ширење на вирусот, пишува Вол стрит журнал.

Проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд е дека кинеската економија ќе порасне за 1,9 отсто во 2020, со што би можела да биде единствена светска економија која ќе забележи раст во оваа година.

За споредба, американската економија се очекува да влезе во минус од 4,3 проценти, додека еврозоната -8,3 отсто.

Другите економски индикатори објавени денеска даваат дополнителни знаци на сила. Кинеската главна бројка на невработеност падна на 5,4 отсто во септември, пониска од августската стапка од 5,6 и целта на Пекинг, таа да биде околу 6 проценти.

Инаку, кинеската економија беше затворена во првите три месеци. Но почнувајќи од април, властите се обидоа повторно да ги отворат фабриките. Со зголемувањето на производството, Кина беше во можност да го зголеми својот удел во глобалниот извоз, испраќајќи медицинска опрема, како маски за лице, компјутерска опрема и друго, бидејќи другите извозници страдаа од сопствените блокирања.

Инаку, во Кина денеска се регистрирани само 13 нови случаи. Од почетокот на пандемијата, која почна токму во индустрискиот Вухан, почнати се 4.634 луѓе во оваа земја, а од 19 април до денес починале само двајца пациенти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега