Кај две лица од Данска кои се вакцинирале со вакцината на АстраЗенека настанало згрутчување на крвта - едно од нив починало

Данските власти денес објавија дека се регистрирани два случaи на згрутчување на крвта кај медицински работници вакцинирани со вакцината против корона на „АстраЗенека“.

Во соопштението на властите се наведува дека еден од двајцата медицински работници вакцинирани со „АстраЗенека“ починал во болницата, и дека и двајцата работници ја примиле вакцината две недели пред да се разболат, пренесува „Ројтерс“.

Данската агенција за лекови потврди дека добиле два „сериозни извештаи“, но нема други детали. Исто така, не е познато кога болничкиот персонал се разболел.

Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови темелно ги испитаа сите извештаи за можна врска помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и згрутчување на крвта кај вакцинирани лица и заклучија дека нема докази за поврзаност помеѓу вакцината и тромбозата и дека придобивките од вакцината против корона ги надминуваат ризиците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2021 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега