Каевски: Собранието е место за дебата, ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од насилството и крвавите сценарија
Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, кажа дека Собранието е храм на демократијата и вистинско место за одлука околу заклучоците за францускиот предлог.
„Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Собранието, храмот на демократијата е вистинското место за одлука околу заклучоците за последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ.
Сите парламентарни партии имаат одговорност пред граѓаните и пред државата, да се вклучат во процесот и преку дебата и конструктивност да придонесат во носењето на конечната одлука.
Потребна е одговорност и мудрост од сите пратеници, ова е надпартиско прашање.
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од дебата за вакво важно прашања за иднината на нашите граѓани и нашата држава покажува дека се плашат од вистината, се плашат дека ќе пропаднат сите нивни лаги и измислици“, вели Каевски.
Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес, тврди пратеникот на СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ да не бега туку да учествува во дебатата во Собранието а дотогаш да се откаже од блокадите, деструкциите и крвавите сценарија со проруската Левица, со Алијанса, кои не ум успеаја.
Откако се распадна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, сега Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев остануваат сами и изолирани во антиевропската агенда. Само ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против ЕУ.
Апасиев вчера и јавно повика да не бидеме членка на ЕУ и уште еднаш го потврди дејствувањето за туѓи интереси.
По ваквите изјави на неговиот коалициски партнер, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да соопшти дали и тој се залага за членство во Евроазиската унија, и дека не треба да бидеме дел од ЕУ?
Дали е ова причината што ВМРО-ДПМНЕ сака да побегне од дебата во Собранието за ова прашање?“, прашува Каевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа