Каевски: СДСМ не ги крие проблемите под тепих, туку храбро ги решава

 

Во реплика на пратеникот Јован Јаулески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот на СДСМ порача дека пратениците од опозицијата се нервозни затоа што пропадна нивната лага за ново парламентарно мнозинство.

- Ја сфаќам нервозата кај пратениците од опозицијата, тие поинаку ја замислуваа седнцата за избор на нова влада. Во делот на легитиметот, треба да знаете дека на локални избори се бираат градоначалници кои ги водат општините, на парламентарни избори се бираат пратеници кои потоа бираат влада. На предвремените парламентарни избори во 2020 граѓаните ја дадоа довербата на ова парламентарно мнозинство и оваа влада“ порача Каевски.

Каевски додаде дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ владата предводена од СДСМ не ги крие проблемите под тепих, туку храбро ги решава отворените прашања истовремено зачувувајќи го македонскиот идентитет и посебност.

15.01.2022 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега