Каевски: Мицкоски и Апасиев ги водеа насилните протести и не се обидоа да ја смират толпата
„СДСМ најостро го осудува насилството на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица и бараме одговорност. Во насилствата пред Собранието повредени се 47 полицајци, од нив 11 се со потешки повреди. Насилници маскирани со качулки, со камења, шишиња, молотови коктели вчера ја нападнаа македонската полиција, во обид да го повторат упадот во Собранието од 27 април“, изјави денеска на прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Тој посочи дека „Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, ги водеа насилните протести и кога почна насилството воопшто не се обидоа да ја смират толпата. Досега нема ниту збор за осуда на насилството, ниту една порака за повредените полицајци. Мицкоски и Апасиев најмалку што можат да направат денеска е да им се извинат на граѓаните, да им се извинат на семејствата на полицајците и да посетат некој од повредените полицајци“.
„По синоќешните инциденти, мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и од оние кои го поттикнуваа насилството. СДСМ го осудува секој вид насилство и ги повикува граѓаните да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите и повиците за насилство на антиевропските ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, рече Каевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа