Каевски: Капитулација на Мицкоски, кога нешто ќе најави, се случува спротивно

Две и пол години, Христијан Мицкоски својата политика на темелеше единствено на најавите дека само што Владата не паднала и само што не се распишале предвремени парламентарни избори. Лажеше Мицкоски дека ќе има ново парламентарно мнозинство и 61 пратеник за распуштање на Собранието, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додаде дека во јануари оваа година, на големи верски празници Мицкоски најавуваше дека кон средината или крајот на февруари ќе обезбедел 61 пратеник кои ќе гласале за распуштање на Собранието, а веќе во мај ќе се одржеле предвремени парламентарни избори.

Февруари изминува, а од најавите на Мицкоски нема ништо.

Каевски истакна дека не само што нема 61 пратеник за распуштање на Собранието, туку има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство. Мицкоски слободно може да прогласи капитулација, затоа што се што тој најавува, на крајот се случува спротивното.

Каевски додава дека така беше и со почетокот на преговорите со ЕУ, кога лажеше за асимилација и бугаризација, така беше и со енергетската криза кога лажеше дека енергетскиот сектор ќе колабира и дека ќе нема доволно електрична енергија.

Освен лаги, блокади, популизам и натпревар по деструктивност со Димитар Апасиев, Христијан Мицкоски не може и не знае да понуди ништо друго.

Затоа неговите деструкции постојано ќе бидат поразувани од граѓаните,изјави Каевски.

25.02.2023 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега