Каевски: Два дена Мицкоски не одговара од кого барал власт за да го смени Уставот
„Два дена Христијан Мицкоски се крие, молчи и не одговара на јавно поставени прашања. Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот? Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?“ вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.Каевски вели дека „Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев да не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку да излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања“.
„Познато е лицемерието на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго. Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа тие стануваат се порадикални во деструктивното дејствување. Мицкоски е слаб, исплашен и очаен, затоа се што прави, прави за да не заостане зад Апасиев“ вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа