Каевски: Братот на директорот на „Комунална хигиена“ од Алијанса е човекот со пиштолот

Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски имаше обраќање за јавноста при што кажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил режисер на крваво сценарио.

МВР соопшти дека го приведе лицето кое пукаше со пиштол кај Мавровка, а Каевски вели дека Мицкоски не е жртва.

„Мицкоски не е жртва, туку режисер. Режисер на сценарио кое не успеа. Тој не беше мета, туку ја одигра најлошата улога за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ не се менува, не се менува ниту Мицкоски. Граѓаните да останат смирени, а институциите ќе си ја завршат работата“, вели Каевски.

Каевски исто така зборуваше за уапсеното лице.

 

„Ова е човекот за којшто Мицкоски според нивното крваво сценарио требаше да глуми негов напаѓач. Цуфи Кока. Погледнете за кого станува збор, веќе МВР го приведе ова лице. Овој човек е брат на висок член на коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, Алијасна, којшто воедно е директорот на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Повторувам, станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијана во Чаир и главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска“, рече Каевски.

 

06.07.2022 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега