Каде ќе оди ВМРО-ДПМНЕ?
Градоначалниците ќе бидат главниот адут на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во битката за централната власт. Високи партиски извори велат дека во периодот кој следи, најголемата опозициска партија ќе се обиде преку промена на начинот на функционирање на локалната власт да испрати порака до граѓаните дека како што велат, не се сите исти и дека кога се има волја, може да се работи за граѓаните.
Целта на партијата е со интензивна работа во секоја од општините каде што добија градоначалници и мнозинство во советите да покажат дека ВМРО-ДПМНЕ многу се разликува од СДСМ со надеж дека тоа ќе биде силна порака до граѓаните дека на тој начин ќе работи и централната власт доколку ја добие поддршката.
Високи партиски извори велат дека е извесно дека оваа Влада нема да го дочека законскиот крај на овој мандат и дека само прашање на време е кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори.
Во меѓувреме во ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се откажуваат од разговори со сите политички партии околу формирање на ново парламентарно мнозинство и дека развојот на настаните во Собранието од минатата недела воопшто не ги обесхрабрило. Додаваат дека се во интензивна комуникација со сите политички партии, вклучувајќи ги и оние од коалицијата на СДСМ но и ДУИ.
Дополнително, до крајот на годинава, ВМРО-ДПМНЕ ќ мора да организира и изборен Конгрес на кој се очекува актуелниот лидер Христијан Мицкоски да нема проблем повторно да ја добие довербата на делегатите и да добие нов 4 годишен мандат на чело на партијата.
Од партијата денеска преку прес конференција му порачаа на премиерот Заев час поскоро да си замине
„ Тој вети дека ќе си оди од политиката ако ги изгуби изборите, а ги изгуби со 100.000 разлика и повторно не си даде оставка. Образ ѓон.
Киднапираше пратеник за да не гласа против неговата Влада како во најмафијашките филмови и молчи 4 дена како да тоа е најнормално. Срам нула.
Им изгореа нему и на Венко Филипче 14 граѓани на Република Македонија во тетовската модуларна болница, се ветија оставки, се вети истрага, ниту има истрага, ниту се поднесоа оставки, ниту пак некој сноси одговорност и одговараше. Одговорност нула како и се останато.
Проневерија милијарди евра во тендери, поднесени стотина кривични пријави од најразлични граѓани, политички партии, невладини институции до нивните директори и функционери од СДСМ кои што ја водат Владата и сите стојат по фиоки во обвинителството заради спрегата меѓу Заев и правосудството. Одговорност нула и замислете се уште истите тие не крадат нас граѓаните.“ – рече на денешната прес конференција партискиот портпарол Димче Арсовски.
А.С.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа