Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР најавува голема промена: Силен ветер од над 60 км/час, дожд и снег

    25.03.2026 во 12:14

    Голем дел од Скопје утре ќе остане без струја

    25.03.2026 во 12:09

    Снежна бура доаѓа за помалку од 20 часа на Балканот, се очекува метар снег

    25.03.2026 во 12:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР најавува голема промена: Силен ветер од над 60 км/час, дожд и снег
    • Голем дел од Скопје утре ќе остане без струја
    • Снежна бура доаѓа за помалку од 20 часа на Балканот, се очекува метар снег
    • И ова е можно: Возел автобус во Скопје без дозвола
    • Бесплатни ехо-прегледи на дојки за девојки и жени од Карпош
    • Ужасна несреќа, починал на лице место: Македонец со камион прегазил пешак во Србија и избегал
    • Трагедија во Скопје: Прегазен пешак, починал на лице место
    • Вдовицата на Кили скршена од болка: „Куќата е празна и мрачна… само дрвото остана исто”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кац: Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз војници на ИДФ и кршењето на договорот

    Кац: Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз војници на ИДФ и кршењето на договорот

    28.10.2025 во 22:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Израелскиот министер за одбрана Израел Кац порача дека Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз израелските војници во јужниот дел на Газа и за кршењето на договорот со кој требаше да се вратат телата на преостанатите загинати заложници.

    – Нападот на терористичката организација Хамас врз војниците на ИДФ (Израелските одбранбени сили) во Газа денеска преминува очигледна црвена линија на која ИДФ ќе одговори со голема сила. Хамас повеќекратно ќе плати за нападот врз војниците и за кршењето на договорот за враќање на загинатите заложници, нагласи Кац.

    Претходно денеска, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на армијата да изведе силни напади во Појасот Газа, откако ја обвини организацијата Хамас дека го прекршила примирјето постигнато со посредство на САД.

    „По безбедносни консултации, премиерот Нетанјаху им нареди на воените сили веднаш да нанесат силни удари во Појасот Газа“, се наведува во соопштение од неговиот кабинет.

    Военото крило на Хамас објави дека го одложува враќањето на телото на заложникот што беше закажано за вечерва во 20 часот. Во своето соопштение, Хамас наведува дека овој потег е одговор на „кршењето на договорот за прекин на огнот од страна на окупаторот“. Претходно, Хамас најави дека денеска ќе го предаде телото на заложник извлечен од еден од тунелите.

    Поминаа речиси три седмици откако Израел и Хамас се согласија на првата фаза од договорот за прекин на огнот. Планот предвидуваше ослободување на сите преостанати заложници кои ги држи милитантната група и повлекување на израелските сили од дел на Газа.

    Сепак, прекинот на огнот се покажа како кревок. Израел започна воздушни напади врз Газа, додека Хамас сè уште не ги вратил сите посмртни останки на починатите заложници, наведувајќи потешкотии со нивното лоцирање.

    Во меѓувреме, израелските медиуми пишуваат дека израелскиот премиер одлучил да ја прошири територијата под контрола на ИДФ во Појасот Газа по повторените прекршувања на договорот од страна на Хамас. Кабинетот на премиерот одбива да ги коментира овие извештаи, а според јавната телевизија „Кан“, Нетанјаху разговара со високи американски функционери за да го координира тој потег.

    Популарно

    УХМР најавува голема промена: Силен ветер од над 60 км/час, дожд и снег

    25.03.2026 во 12:14

    Голем дел од Скопје утре ќе остане без струја

    25.03.2026 во 12:09

    Снежна бура доаѓа за помалку од 20 часа на Балканот, се очекува метар снег

    25.03.2026 во 12:02

    И ова е можно: Возел автобус во Скопје без дозвола

    25.03.2026 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.