Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги потсетува студентите дека од денеска, 25 декември, започнува процесот на продолжување и заверка на годишните билети за бесплатен превоз за претстојната 2026 година.
Заверката се врши со лично присуство во кој било центар за персонализација на ЈСП, а студентите треба да ги подготват следниве документи:
- Потврда за редовен студент (од акредитиран факултет);
- Оригинал индекс со запишан зимски семестар;
- Лична карта на увид.
Од ЈСП појаснуваат дека оваа обврска не важи за бруцошите кои го извадиле билетот за студиската 2025/2026 година – нивните билети автоматски ќе бидат валидни и за наредната календарска година.

