Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека поради божиќните празници, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по изменет режим. Утре, на Бадник (6 јануари), и задутре, на Божиќ (7 јануари), автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

За граѓаните кои имаат потреба од услугите на претпријатието, дежурства ќе имаат само одредени билетарници.

Работно време на билетарниците и центрите за персонализација (6 јануари):

  • Транспортен центар: од 08:00 до 14:00 часот.
  • Жичница: од 10:00 до 17:00 часот.

Жичницата на Водно во текот на двата празнични дена ќе биде во функција и ќе работи според вообичаениот распоред, односно од 10:00 до 17:00 часот.

Од ЈСП Скопје упатија честитка до сите православни христијани по повод претстојните празници.

Exit mobile version