ЈП „Водовод и канализација“ со важно соопштение за оние кои имаат заостанат долг

Од 2 ноември до 15 ноември граѓаните кои имаат заостанати долгови кон јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе можат да ги исплатат без каматата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката ќе престане да важи.

– ЈП Водовод и канализација- Скопје, имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, повторно излегува во пресрет на потребите на граѓаните. Имено, секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот, се наведува во денешното соопштение.

Процесот за наплата ќе се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита.

Со цел заштита на корисниците и вработените, во ЈП Водовод и канализација – Скопје, секојдневно се врши зачестена дезинфекција на просторот, информираат од претпријатието. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега