Јовев за „Фокус“: Ако Меџити не ја промени одлуката, ќе го тужам

 

По неколкудневни реакции околу смената на директорот на Кардиохирургија, Сашко Јовев денеска министерот за здравство Фатмир Меџити на брифинг со новинарите му понуди на кардиохирургот да стане негов советник, но и дека на овој начин ќе може повеќе да им се посвети на пациентите.

Со тоа стави до знаење дека сега за сега нема никаква намера да ја промени одлуката околу разрешувањето на професорот Јовев. „Фокус“ го контактираше кардиохиругот, кој го прашаваме дали слушнал за понудата на актуелниот министер да биде негов советник.

„За ова слушнав од медиумите. Моето место е само како директор на Кардиохиругија“, беше дециден доктор Јовев.

„Ако не ја промени одлуката, ќе го тужам“, додаде Јовев за „Фокус“.

07.06.2023 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега