Јовески: За било кое лице доколку има основ, Обвиниелството ќе отвори постапка

Во ОЈО Скопје, Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески посочи, дека е отворен предмет за Беса Транс и овие податоци што ги собираат на барање на бугарските обвинители, во исто време ги користат и во делот на тој предмет, а со цел на расчистување на сите ситуации поврзани со несреќата, од документација за автобусот до тоа како тој ги поминувал границите.

-Ние ги прибираме потребните документации, а потоа ќе донесеме соодветна одлука. Веднаш по сообраќајната несреќа документацијата од команијата Беса Транс е одземена. Ве уверувам за било кое лице доколку има основ, Обвиниелството ќе отвори постапка, изјави Јовески.

Јовески, на заедничка прес-конфернеција со бугарските обвинители во Скопје, рече дека се обезбедуваат и други докази, а се продолжува и со сослушување на други лица кои може да дадат сознанија за расчистување на трагичниот настан.

– Сакам да ја нагласам професионалната соработка што ја имаме со колегите од Бугарија. Наидовме на целосно разбирање кај обвинителството на Бугарија и веќе од утре двајца наши експерти од Судска медицина ќе заминат за Софија со цел забрзување на постапката за идентификација и предавање на телата на нивните семејства, рече Јовески.

27.11.2021 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега