Close Menu
Press24
    Најново

    Дипломатски пресврт: Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови

    23.03.2026 во 17:34

    Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи

    23.03.2026 во 17:17

    Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

    23.03.2026 во 17:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дипломатски пресврт: Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови
    • Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи
    • Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес
    • Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син
    • Министерот Алиу на средба со Националната алијанса за ретки болести – со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести
    • Скандал во регионот: Жив пациент прогласен за мртов
    • СДСМ: Се потврди дека мерката на Мицкоски нема ефект- дизелот поскапе и достигна 95,5 денари
    • Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос: Владата е целосно мобилизирана за ЕУ реформите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јовановски:  Ќе го решиме проблемот со депонијата и канализацијата и ќе изградиме стационар за кучиња во Кичево

    Јовановски:  Ќе го решиме проблемот со депонијата и канализацијата и ќе изградиме стационар за кучиња во Кичево

    29.10.2025 во 20:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во „Тема на ден“ на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски кој истакна дека во општината цели 12 години нема напредок и ситуацијата се движи во правец кој не води никаде, без инвестиции, истакнувајќи дека се потребни промени кои ќе донесат нови фабрики и проекти во инфраструктурата.

    „Актуелниот градоначалник е 12 години тука, во овие 12 години имаме само иселување, немаме поврат, немаме никаква инвестиција, немаме ништо ново, градот ни тоне во мрак, ни тоне во ѓубре, ни тоне во несигурност, да се размисли за кого ќе се даде гласот сепак ова одлучува за иднината на нашите деца а потоа и на нас. Јас сум човек кој сака градот да оди напред, проблемот е што нас ни треба човек што сака да работи и што е чесен, човек што ќе се посвети на градот и човек што ќе не води напред,  не човек кој ќе се води по лични интереси, особено не по  националистички интереси, нас ни требаат фабрики, ни требаат инвестиции, ни требаат крупни проекти ви инфраструктура“, рече Јовановски.

    Кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски ги посочи трите приоритетни проблеми кои ќе ги решава со самото доаѓање на местото градоначалник, како што  е проблемот со депонијата во центарот на градот,  проблемот со кучињата скитници и изградба на стационар и проблемот со канализационата мрежа.

    „Горлив проблем е тоа што актуелниот градоначалник направи една “претоварна“ станица за отпад или за ѓубре, во самиот центар на градот, значи тука буквално населението ни е отруено не само од миризба, така да топ проект ни е тоа да го отстранам од тука, имам решение, имаме тим, имаме проект изработен и знаеме каде прво ќе го дислоцираме. Втор проект ни е  да ги ослободиме граѓаните да се движат слободно, да не бидат напаѓани од глутници кучиња, јас имам проект со кој што ќе ги згрижиме кучињата на најхуман начин, изградба на стационар, вработување на стручни лица, институционално ќе го решиме проблемот, актуелниот градоначалник не го реши тоа. Третиот проект односно проблем кој ќе го решам е течењето на фекалии, пример општината Зајас денес нема канализација, имаат некој дел или крак меѓутоа две третини не се решени, по асфалтирани улички течат фекалии“, вели Јовановски.

    Популарно

    Дипломатски пресврт: Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови

    23.03.2026 во 17:34

    Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи

    23.03.2026 во 17:17

    Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

    23.03.2026 во 17:06

    Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син

    23.03.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.