Јорданов вели дека ја запрел наплатата - ЈП Стипион тврди дека не се наплаќало влез за возила кои не се со штипски регистрации

Градоначалникот на Штип Иван Јорданов ја стопирал наплатата на влез за возила кои немаат штипски регистарски таблички. Во изјава за СДК.МК тој вели штом дознал дека Јавното претпријатие Стипион 2011 наплаќало, веднаш наредил да се стопира наплатата.

Како дошло до тоа ќе видиме, но можам да кажам дека до крајот на ноќта и во текот на утрешниот втор ден од манифестацијата такво нешто ќе нема“, вели градоначалникот Јорданов.

Но, Јавното претпријатие сепак негира дека бил наплаќан влез за возилата. Во објава на социјалните мрежи од Претпријатието тврдат дека на пунктовите се делеле флаери.

На влезовите во градот Штип за Пастрамалијадата има поставено пунктови каде на сите посетители се делат флаери и се насочуваат возилата до места кои се предвидени за паркирани на возила и каде повторно има контролор кои ги организира возилата! Влезот во нашиот град НЕ се наплаќа“, се вели во објавата.

23.09.2022 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега