Јорданов: Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Штип, градот се развива, за разлика од сега

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во вечерашното гостување  во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија, одговарајќи на прашање дали е познат кандидатот за градоначалник во Штип, изјави дека се уште не е познато, но кој и да биде, Јорданов е дециден дека градот мора да продолжи да се развива, за разлика од сега со владеење на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ се уште ги нема објавено предлозите за кандидати за градоначалници, вклучително и во Штип се уште нема избрано. Но јас сум убеден кој и да биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Штип треба да продолжи во оној правец на развој на градот во момент кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, вели тој.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ја партиципира власта во Штип, тогаш градот се развива. Во Штип изминатите години не видовме ништо друго, освен шминка, козметика и популизам, за разлика од ова денеска го гледаме, за време на ВМРО-ДПМНЕ Штип се развиваше и прерасна во еден здравствен, образовен и културен центар, благодарение на низата проекти кои што се реализираа и од локален аспект, но и од централна власт наменета за Штип, истакна Јорданов.

28.07.2021 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа