ЈО: Се истражува убиство во Велес​

 

Стигнаа првите информации и од Јавното обвинителство, за смртта на 40 годишниот полицаец утринава. Неговата сопруга е приведена под сомнение за убиство. 

Надлежните велат дека смртта настапила како последица од убод од нож, во пределот на срцето.

„Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта,  изврши увид во куќа во Велес каде е извршено кривично дело Убиство. Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.

По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција“-се вели во соопштението на обвинителството.

Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело.​

29.09.2021 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега