Јавното обвинителство работи на утврдување на идентитетот на починатиот откриен на планината Плачковица

Основното јавно обвинителство во Радовиш работи на утврдување на идентитетот на починатото лице кое беше откриено на 24 минатиот месец на планината Плачковица, во местото „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, Радовишко.

Во информацијата за МИА од ЈО велат дека Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш издал наредба за обдукција по која се постапува, но вештиот наод за причините за смртта се уште не бил доставен до надлежниот јавен обвинител.

Инаку, според првичните информации од полицијата, трупот на починатото лице подолго време бил на местото каде е пронајден. Беше лоциран на тешко пристапен планински предел, во длабок дол.

01.12.2022 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега