На телевизија Телма во емисијата „Директно“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, кој дискутираше за зголемувањето на минималната плата и напорите од страна на Владата за зголемување на животниот стандард.

„Ќе се трудиме да се испочитуваат колективните договори, законските одредби и легислативата којашто ja детерминира оваа проблематика. Јас се сеќавам кога беше донесена формулата со којашто се пресметува минималната плата, и како тоа триумфално и синдикатите и тогашните претставници на власта, тоа го презентираа пред јавноста. Се разбира дека прави Владата и претставниците на мнозинството се што можат да ги подобрат условите во државата“, истакна Јаревски.

Јаревски посочи дел од проектите на Владата спроведени во интерес на работниците, и потенцираше дека Буџетот за 2026 година има сериозни развојни компоненти а инфлацијата е намалена.

„Можеме да укажеме дека имаше една галопирачка инфлација која е далеку намалена, беа направени мерки за нејзина консолидација, веќе имаме Буџет којшто има сериозни развојни компоненти, инфлацијата веќе можеме да ја проектираме и на 2,5% на крајот на наредната година, не се веќе двоцифрени бројките, тие се мерки на стабилизација коишто се во интерес на сите“, рече Јаревски и додаде:

„Социјалните трансфери оваа година беа околу 206 милијарди денари, што се предвидени во Буџетот, обезбедени се средства. Проекциите се реални, 7% е проектиран растот на платите и некаде околу 10% растот на пензиите. Ќе се сложам да биде нашиот фокус кон зголемување на просечната или максималната плата којашто нашите работници ја добиваат“.

Exit mobile version