Јанушев најави нов протест на ВМРО-ДПМНЕ за утре во 18 часот
Мафијата направи 40 илјади невработени за 5 месеци;
-историски пад на БДП од 12.9%;
-прават трговија со Делчев,
-земјоделците ги донесоа на питачки стап …
Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ, напиша генералниот скретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.
„Во четврток, во 18.00 часот, протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили кој ќе започне пред паркингот на спортската сала “Борис Трајковски”, по булеварот Партизнски одреди, до пред Регулаторната комисија која делува како продолжена рака на СДСМ и Заев.
Поскапа струја, сиромашен народ.
Се гледаме“, напиша Јанушев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа