Јанковиќ: Загрижен сум, ништо од овој вирус не може да се предвиди

Нajмногу не загрижува тој елемент на неизвесност, тој хазарден карактер што го има овој вирус, вели српскиот имунолог Срџа Јанковиќ. Додава дека досега се покажало оти некои луѓе, а никој не знае кои, вирусот го поминуваат лесно, а други развиваат многу тешки клинички слики и извлекуваат подебел крај. Вели дека можеби постои некој дефект или слабост на организмот кој досега не е е откриен, а кој вирусот го напаѓа трашно.

Јанковиќ не е за тврдењата од типот„ ајде сите да се заразиме“, зато што вели во таков тип стекнување колективен имунитет, многу човечки животи ќе бидат изгубени. 

"На северната полутопка постои раст, а светот е отворен и заразата не може да се запре. Имаме нов пораст на бројот на заболени и во овој регион, вели Јанковиќ кој додава дека собирањата на луѓето се многу опасни. 

Вели дека се докажа дека топлото време не го намалува многу вирусот. 

„Не е вирусот толку отпорен на температура. И овој многу лесно се пренесува од човек на човек, а сега во лето луѓето се доста надвор. Затоа велам дека не можеме да го запреме, вели Јанковиќ.

Тој сугерира дека носењето маски мора да биде долгорочна препорака, а поздравувањето со луѓето само со наклонување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега