Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска во Брисел: Создаваме услови за зачувување на младите истражувачи во земјата

    Јаневска во Брисел: Создаваме услови за зачувување на младите истражувачи во земјата

    22.10.2026 во 12:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија го удвои буџетот за наука за краток период, воспостави нова стратешка рамка и ја модернизираше истражувачката инфраструктура, а сега фокусот е насочен кон поврзување со регионалните и глобалните истражувачки мрежи, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

    Таа учествуваше на министерскиот состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан, што во организација на Европската комисија се одржува во Брисел.

    „Направивме многу за да ја раздвижиме научно – истражувачката дејност на национално ниво. Главно постигнување е тоа што од индивидуални иновациски иницијативи, направивме добро организиран национален иновациски екосистем. За краток период двојно го зголемивме буџетот за наука, воспоставивме нова стратешка рамка и подготвивме нови законски решенија, а ја модернизиравме и националната истражувачка инфраструктура. Сега сме ориентирани кон поврзување со регионалните и глобалните истражувачки мрежи“, нагласи Јаневска.

    Министерката посочи дека институционално се зајакнува поддршката за иновациите преку нови тела и агенции.

    „Формиравме Национален совет за иновации, претприемништво и технолошки развој, кој е одговорен за координација на националните активности и иницијативи, а основавме и посебна Агенција за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво, која ќе го олесни пристапот до средства и услуги за компаниите, истражувачите и иноваторите“, рече Јаневска.

    Во однос на инфраструктурата, таа информираше дека во земјата функционираат 7 центри за трансфер на технологии, 5 технолошки инкубатори и еден приватен научно-технолошки парк, а во фаза на формирање се виртуелен научно-технолошки парк и првиот државен технолошки парк. Воедно, проектот „ВЕЗИЛКА“ ја претставува првата национална контактна точка во европската мрежа на фабрики за вештачка интелигенција.

    Јаневска го истакна спречувањето на заминувањето на младите како еден од главните приоритети на Владата.

    „Тековен главен фокус е намалување на одливот на мозоци и создавање услови за задржување на младите истражувачи во земјата каде се очекува да го реализираат својот личен потенцијал“, рече министерката, додавајќи дека земјите од регионот имаат слични предизвици и можности.

    „Имаме национални стратегии за паметна специјализација и заедно со Планот за раст и реформска агенда сметам дека се најважните документи чие исполнување дополнително во голема мера ќе ја стимулира науката и истражувачката дејност на регионот, но и ќе ја зголеми продуктивноста и економскиот раст на сите земји од Западен Балкан“, додаде Јаневска.

    Покрај дебатите со ресорните министри од Западен Балкан за поддршка на иновациите, во текот на денот е предвидена и билатерална средба на Јаневска со европската комесарка за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева.

    Прочитај повеќе

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.