Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Кога учениците ќе почувствуват дека се слушнати и разбрани, почнуваат со сериозни промени кои го вклучуваат целиот образовен систем и водат кон напредок, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.Јаневска денеска учествуваше на панел дискусијата во Прилеп, заедно со наставници, стручни лица, родители и од Педагошкиот факултет од Битола на темата „Магијата е во знаењето“. Оваа е втора панел дискусија  под мотото „Наставникот е прво пријател, а потоа учител“.

Според Јаневска, и Владата и Министерството многу вложија и вложуваат во образовниот процес.

-Не е само кампањата за подигнување на свеста за улогата на наставникот и за подигнување на неговиот дигнитет, туку како Влада и Министерство вложуваме во процесот. Обезбедивме повисоки плати на наставниците, континуирано обезбедуваме подобри услови за работа, вложивме 67 милиони евра во инфраструктура, обезбедуваме нови, современи технологии кои на наставниците ќе им овозможат полесно и помотивирано да го спроведат својот начин на образование за учениците, зашто имаат слобода во тоа, и треба да ги развиваат нивните компетенции, изјави Јаневска.

Педагошкиот факултет од Битола е лидер во образованието во Регионот и пошироко, бидејќи нуди и студиски програми, единствени во нашата земја. Ќе воведува нова студиска група, барана на пазарот на трудот.

Exit mobile version