Close Menu
Press24
    Најново

    Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле

    11.03.2026 во 23:44

    Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација

    11.03.2026 во 23:22

    Георгина се спакува и го напушти семејниот дом

    11.03.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле
    • Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација
    • Георгина се спакува и го напушти семејниот дом
    • Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце
    • ДУИ: Итна оставка од Костадиновски
    • ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра
    • Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните
    • Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Проблемот со „петките“ е кај родителите, незаслужените оценки им прават штета на децата

    Јаневска: Проблемот со „петките“ е кај родителите, незаслужените оценки им прават штета на децата

    30.11.2025 во 13:342 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Родителите се главната причина за масовната појава на инсистирање на високи оценки без соодветно знаење, што прави огромна штета на децата и на општеството, оцени денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

    За време на посетата на Струмица, таа истакна дека проблемот со „петките“ е сериозен и дека Министерството преку кампањата „Магијата е знаењето“ се обидува да влијае на свеста на родителите.

    „Проблемот со ’петките‘ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите. Токму и ова кампања е во тој правец за да им кажеме на оние родители кои инсистираат нивните деца да добиваат високи оценки без соодветно знаење дека де факто им прават голема штета прво на своите деца, а потоа и на целото општество“, изјави Јаневска.

    Според неа, послабата оценка не треба да се доживува како казна, туку како мотив за учениците да постигнат одредени вештини. Јаневска посочи дека веќе се преземени мерки, како воведувањето на Е-дневникот, за да се намалат влијанијата и стереотипите.

    Во однос на високото образование, министерката смета дека не е праведно да има „две скалила на елиминација“, односно и државна матура и приемен испит, иако факултетите имаат право да организираат проверки, како што тоа го прави Архитектонскиот факултет.

    Таа најави и промени во државната матура, каде се одвојува стручната од гимназиската матура, прилагодена на наставните планови, но со иста проодност кон факултетите.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24

    Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце

    11.03.2026 во 22:51

    Случај „Онкологија“: Вештак открива хаос – за 50 пациенти воопшто нема медицинска документација

    11.03.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.