Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Оваа година прогледав низ прсти, следната директорите за учебниците да си ја сфатат работата сериозно

    Јаневска: Оваа година прогледав низ прсти, следната директорите за учебниците да си ја сфатат работата сериозно

    09.11.2025 во 13:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска во Тетово упати силно предупредување до директорите на училиштата во врска со недостигот на учебници, потенцирајќи дека проблемот е системски решен, а одговорноста е кај менаџментот на училиштата.

    Министерката нагласи дека се обезбедени средства, нови наставни програми и се печатат нови учебници, а сега фали само функционалност меѓу институциите.

    „Оваа година многу слободно ќе кажам, „прогледав низ прсти“. Следната година нема да прогледуваме низ прсти. Има систем, има упатство, има правилник. Директорите се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците… Обраќајте се на директорите, не на министерството,“ изјави Јаневска.

    Таа порача дека директорите мора многу посериозно да си ја сфатат работата како дел од системот и да си нарачаат доволен број учебници.

    Во врска со забелешките за политички уцени при вработување на наставници со договор на дело, министерката не се согласи со констатацијата, но нагласи дека е против злоупотреби и најави: нов закон за наставници со цел во образованието да влезат најквалитетните и мотивирани кадри и оптимизација на училишната мрежа.

    За разлика од лани, сега 200 училишта работат во една смена (лани 150), но поради намалениот број ученици, директорите мора да се организираат и да ги заштитат наставниците преку додатна, дополнителна настава и клубови.

    Изјавите беа дадени пред панел-дискусијата „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“, во рамки на кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.