Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ги слушна забелешките на академската заедница во однос на Предлог-законот за високо образование и Законот за квалитет во високото образование. Ова е петта јавна расправа организирана од Министерството за образование и наука, а во текот на оваа недела треба да се одржат уште две дебати.

Јаневска изјави дека по завршување на јавните расправи ќе следува период на разгледување и корекција на прифатливите забелешки, по што законското решение ќе биде поставено на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за дополнителни консултации со академската јавност, а потоа ќе влезе во владина процедура.

-Верувам дека ќе останат уште една-две, кои дополнително ќе треба работната група малку посериозно да ги разгледа, за да донесеме соодветно решение. Кога ќе се заврши тој процес законот ќе биде поставен на ЕНЕР, уште релативно кратко време, неколку дена, за да може академската заедница да ги види забелешките. Брзо да изреагира, потоа оди во владина процедура, вели Јаневска.

Министерката Јаневска забележа дека на Македонија и е неопходно ново законско решение за високо образование.

Exit mobile version