Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска најави: Во 2026 година ќе се основа првиот јавен научно-технолошки пар

    Јаневска најави: Во 2026 година ќе се основа првиот јавен научно-технолошки пар

    20.10.2025 во 13:263 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата е силно фокусирана на поддршка и развој на научно – истражувачката дејност, затоа што цениме дека таа е основата за развој на целокупното општество. Направивме многу во изминатиот период, а клучен стратешки приоритет во 2026 година ќе биде основањето на првиот јавен научно-технолошки парк, иницијатива која ќе ја зајакне истражувачката инфраструктура и ќе означи почеток на нова ера на технолошки развој и иновации во нашата земја. Ова, како што соопшти МОН, го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на панел-дискусија на тема „Истражувачка инфраструктура – двигател на триаголникот на знаење: искуства и најдобри практики“ организирана во рамки на дводневниот министерски состанок на земјите од Западен Балкан за истражувања и иновации кој се одржува во Подгорица, Црна Гора, каде присуствува заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

    -Истражувачката инфраструктура не е само физички простор или технолошка опрема. Таа е основа на знаењето, катализатор за иновации и мост помеѓу образованието и реалниот свет. За да функционира добро мора да биде дисциплинарна, поддржана од јавни и приватни партнерства и најважно – меѓународно поврзана. Тоа е нашиот фокус во моментов, по низата воведени системски промени и мерки кои ја поддржуваат научната дејност, нагласи Јаневска.

    Министерката информирала дека Владата во два наврати неодамна вложила 9,7 милиони евра во 103 научно-истражувачки проекти наменети за развој на лабораториски ресурси, издвојувајќи ја лабораторијата AMBICON на Универзитетот „Гоце Делчев“, како современ партнер за заштита на животната средина и безбедност при работа. Потсетила и дека се основани 7 центри за трансфер на технологии и 5 инкубатори на технологии, истакнувајќи ја работата на Европскиот центар за дигитални иновации INNOFEIT на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кој е основан со подеднакво финансиско учество на државата и Европската унија.

    -Со големо задоволство објавувам дека минатата недела Европската унија одлучи Македонија преку проектот „Везилка“ на УКИМ да стане дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција, што претставува значаен чекор кон зајакнување на националните дигитални капацитети и интеграција во европската истражувачко-иновациска инфраструктура, нагласила Јаневска, додавајќи дека овој проект вреден 6 милиони евра ќе овозможи пристап до европски суперкомпјутери, ќе поттикне развој на човечки капитал преку обуки и ќе обезбеди поддршка за компании, истражувачи и институции во користење на напредни ВИ решенија.

    Министерката во своето излагање истакнала и дека неодамна во Македонија е основана и нова независна јавна институција „ИНОВА“ која ќе служи како централно тело за поддршка на иновациите и малите и средни претпријатија и ќе има клучна улога во спроведување на Стратегијата за паметна специјализација.

    За Стратегијата, како што се наведува во соопштението од МОН, посочила дека обезбедува идеална рамка за надминување на предизвиците во спроведувањето на два важни паралелни процеси – зелената и дигиталната трансформација на општеството. Како што рече, овој стратешки документ поттикнува соработка меѓу институциите на системот, образовните установи, бизнис секторот и граѓанското општество, а креирањето иновации го насочува кон еколошките и дигиталните приоритети.

    За време на дводневниот министерски состанок освен за можностите за развој и поврзување на истражувачката инфраструктура на земјите од Западен Балкан и ефективноста на националните стратегии за паметна специјализација, ќе се дискутира и за Планот за раст на земјите од регионот, како и за примената на вештачката интелигенција во науката и истражувањето.

    Предвидено е министерката Јаневска да оствари билатерални средби со еврокомесарката за истражување и иновации Екатерина Захариева, директорката на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, Сабине Хенцлер, претседателката на Европската мрежа за соработка во областа на истражувањето и технологијата (COST) Асе Горницка и со црногорската министерка за образование, истражување и иновации Ангела Јакшиќ Стојановиќ.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.