Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска од собраниската говорница упати јасен апел до високообразовните установи во земјава. Одговарајќи на прашањето на пратеникот Халил Снопче околу достапноста на студии на мајчин јазик и недостигот на стручен кадар, таа потенцираше дека автономијата на универзитетите треба да се користи за стратешко планирање според пазарот на труд.
„Универзитетите во Тетово и ‘Мајка Тереза’ постојат со децении и самите можат да одлучат кои студиски програми ќе ги воведат. Државата вложува средства, но очекуваме со новиот закон тие да се насочат кон насоки од кои државата и стопанството навистина имаат потреба“, истакна Јаневска, нагласувајќи дека новиот Закон за високо образование е клучот за решавање на овие долгогодишни проблеми.


