Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска означи почеток на работите за новиот кружен тек на Северниот булевар, најавувајќи уште еден значаен проект во новиот градски центар. Новиот сообраќаен јазол ќе се гради на локацијата каде што наскоро ќе бидат отворени комплексот „Литл Америка“ и маркетот „Лидл“.
Јанчев упати посебна благодарност до компанијата „Лидл“ за нивната донација и поддршка во реализацијата на овој проект. Според него, оваа соработка е клучен чекор кон градење на модерна и функционална општина. Со новиот кружен тек се очекува значително подобрување на протокот на возила и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот.
„Побрз сообраќај, поголема безбедност, подобра поврзаност. Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата за подобро секојдневие на сите“, истакна градоначалникот Јанчев при увидот во работите.


