Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција упати сериозни обвинувања до претходната власт на СДСМ и ДУИ за урбанистичкиот план во Тетово поврзан со просторот на некогашниот гигант „ШИК Јелак“. Според Петрушевски, само еден ден по изборот на владата во 2020 година, биле донесени измени во ДУП со кои директно му се овозможил бизнис вреден 200 милиони евра на бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака.
„Станува збор за просторот откупен преку фирмата ‘Јелак Градба’. Крими-коалицијата на СДС и ДУИ донесе план со кој на ова место требаше да никне урбана џунгла со над 2.000 станбени единици“, истакна Петрушевски.
Тој додаде дека токму благодарение на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ била спречена изградбата на илјадници метри квадратни бетонски површини и трговски центри, кои биле во интерес единствено на врвот на тогашната власт.


