Јанчев: Му го честитам роденденот на нашиот лидер Мицкоски - поклонот ќе биде голема победа на изборите
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев својот говор на митингот кој опозициската партија вечерва го одржа во неговиот град, го почна со честитки за роденденот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Пред да го почнам говорот сакам да му го честитам роденденот на господинот Христијан Мицкоски, нашиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот поклон ќе биде убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кавадарци“ – рече Јанчев.
Интересна е историјата на Мицкоски и Јанчев кој во целиот свој градоначалнички мандат практично беше поблиску до владејачката СДСМ отколку до неговата ВМРО-ДПМНЕ.
Во еден момент Јачев дури изрази и лидерски амбиции најавувајќи дека планира да го преземе лидерското место од Мицкоски. Во тој негов занес доби и разрешување од позицијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Но пред изборите и двајцата ги закопаа секирите. Јанчев почна се поинтензивно да учествува во партискиот живот и да се вклучува во партиските активности по што партијата повторно му ја даде довербата и го кандидираше за нова мандат за градоначалник на Куманово. По денешниот настап, станува јасно дека разликите меѓу Јанчев и Мицкоски се добро закопани во минатото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа