Јакимовски до ВМРО-ДПМНЕ: Како „Алумина“, додека бевте на власт, беше проект, а сега е бизнис
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со детаљниот план за „Алумина“:
ВМРО-ДПМНЕ, како што стои во напишаното од страна на Јакимовски, да престане да ја замајува јавноста со своите „тралала“ соопштенија.
„Тие треба да одговорат на јавноста како ‘Алумина, додека тие беа на власт, беше проект, а сега кога се опозиција, нивниот проект стана бизнис. Нека не кинат зелени со наводни одземања ингеренции на Општината за Владата да го изгласала детаљниот план. Моето искуство со Христијан Мицкоски говори дека исто вака и за проектот ‘Ист гејт’ долго се инаетеше додека не се испазари. Па потоа Христијан го излижа она што го плукаше. Ај што лижеше тој, мораа да излижат тоа што плукале и неговите советници од Гази Баба, кои обесчестени и понижени мораа да го гласаат детаљниот план за ‘Ист гејт’. Така ќе биде и сега додека го направи пазарот, па потоа по принципот маж рекол, маж одрекол тој и неговата арамиска дружина ќе си живеат среќно“, вели Јакимовски.
Додава дека за разлика од нив, проектот „Алумина“ тој секогаш го поддржувал и ќе го поддржува.
„И кога биле министри Миле Јанакиески и Владо Мисајловски-Кендо и сега кога е Бочварски, затоа што и тогаш и сега мислам дека е добар проект“, потенцира Јакимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа