Ја однел мајка си во болница, а по кратко време починала- Гостиварец збеснал и физички нападнал вработена

 

Жена била примена во гостиварската болница, но за кратко вцреме починала, а нејзинот син почнал да крши и физички нападнал една од вработените.

-На 08.03.2021 околу 15.00 часот во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р.(78) од гостиварско Сенокосе, која за кратко време починала на Интерното одделение, информираат од полицијата.

Според пријавеното, набргу потоа, нејзиниот син Б.Р.(51) физички нападнал вработена во ова одделение, а оштетил и дел од инвентарот.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2021 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега