Ја имаа највисоката стапка на заразени: Денес може да се каже дека во оваа земја целосно е искоренет коронавирусот

Ја имаа највисоката стапка на заразени: Денес може да се каже дека во оваа земја целосно е искоренет коронавирусот!

Некогаш ја имаа највисоката стапка на заразени со коронавирус во југоисточна Азија, но откако вчера поминаа 14 дена без пријавување на нови локални случаи, може да се каже дека Сингапур го искорени вирусот.

Преполните домови во кои живеат млади, слабо платени работници, во најголем дел од Бангладеш, Индија и Кина, во текот на оваа година беа епицентарот на ширењето на коронавирусот во овој град-држава.

И додека Сингапур не пријави ниту еден случај две седмици, мал број на заразени пристигнаа од странство, но тие веднаш беа изолирани.

Сингапур беше една од првите земји на светот кои регистрираа случаи на коронавирус надвор од Кина. Регистрирани се повеќе од 58 илјади случаи, но речиси сите заразени се опоравија. Стапката на смртност е најниска на светот со само 28 починати лица како последица на коронавирусот.

Најголемиот дел од случаите со заразени од коронавирус во Сингапур се појавија во работничките сместувања. Властите таму наметнаа строг карантин поради што беа критикувани од организациите за човекови права. Но, и натаму беа потребни доста месеци за жариштата да се стават под контрола дури и кога бројката на заразени беше ниска.

Сепак, вчера сингапурските власти соопштија дека нема регистрирано нови жаришта на заразата од почетокот на пандемијата, а според експертите тоа се должи на одлуката за воведување на карантин од два месеци.

Иако животот во Сингапур релативно се врати во нормала, остана задолжително носењето на маски и одржување на социјална дистанца, додека границите на оваа земја во најголема мера остануваат затворени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа