Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт денеска го презентираше годишниот извештај на Федерална канцеларија за заштита на Уставот (БфВ), во кој се наведува дека минатата година е забележан раст на бројот на екстремисти во Германија.

Според податоците на германската разузнавачка агенција минатата година регистрирани се 58.700 луѓе како потенцијални десничарски екстремисти, што во споредна со 2024 година нивниот број пораснал за 8.450 лица.

БфВ наведува дека во октомври минатата година ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) имала 70.000 членови, а околу 28.000 од нив се десничарски екстремисти.

АфД е под набљудување од БфВ неколку години поради сомнение за антиуставни активности. Во мај минатата година, БфВ ја класифицира најголемата опозициска партија како десничарска екстремистичка организација, која „го занемарува човечкото достоинство“ и ја загрозува демократијата. Неколку регионални ограноци на АфД, исто така, се класифицирани како потврдени екстремистички организации.

Во извештајот се наведува и дека во 2025 година регистрирани се 42.200 припадници на крајно левиот спектар во 2025 година, додека нивниот број во 2024 година изнесувал околу 38.000.

Exit mobile version