Close Menu
Press24
    Најново

    Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

    23.03.2026 во 19:11

    Полициска акција во Скопје – четворица приведени

    23.03.2026 во 19:08

    Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

    23.03.2026 во 18:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно
    • Полициска акција во Скопје – четворица приведени
    • Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно
    • Алиу: Со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести
    • Индиски танкери поминаа низ „жешкиот“ Ормуски Теснец
    • Иран ги заострува одбранбените механизми: Нови директиви од врховниот лидер
    • Дипломатски пресврт: Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови
    • Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Извештај МЦМС: МВР е институција со најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата

    Извештај МЦМС: МВР е институција со најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата

    22.12.2025 во 20:521 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за внатрешни работи ја споделува анализата од Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025 подготвен од МЦМС, која покажува значајно зголемување на довербата на граѓаните во работата на МВР. Според извештајот, вкупната доверба во Министерството достигнува 50,3 %, што е значително повисоко од 33,9 % во 2023 година што е јасен индикатор дека мерките за транспарентност, отчетност и професионалност носат резултати.

    Дополнително, оцените на граѓаните за перцепцијата на корупцијата меѓу службениците покажуваат тенденција на намалување, што укажува на подобрена институционална дисциплина и успешни напори за намалување на коруптивни практики.

    Јавноста исто така ги препознава МВР и Владата како институции со највисока доверба за справување со корупцијата, што ја зацврстува улогата на Министерството како кредибилен партнер во борбата за законитост и ред.

    Овие позитивни трендови мотивираат МВР да продолжи со интензивирање на реформите, активностите за едукација и отчетност, со цел уште повеќе да ја зголеми довербата на граѓаните во институцијата, стои во соопштението на МВР.

    Популарно

    Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

    23.03.2026 во 19:11

    Полициска акција во Скопје – четворица приведени

    23.03.2026 во 19:08

    Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

    23.03.2026 во 18:48

    Алиу: Со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести

    23.03.2026 во 18:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.