Израелските власти дадоа зелено светло за нов, масовен бран на колонизација во окупираната територија на Западниот Брег. Како што соопшти десничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич, безбедносниот кабинет одобри буџет од огромни 1,3 милијарди шекели (над 378 милиони евра) кои ќе бидат наменети за подигнување на дури 34 нови израелски населби.

Покрај директните средства за изградба на куќите, буџетот предвидува и дополнителни финансиски средства за патна инфраструктура кои дополнително ќе го поврзат овој регион. Министерот Смотрич најави дека наскоро ќе бидат одобрени уште 1,75 милијарди шекели (околу 313 милиони евра) кои ќе се искористат за изградба на пристапни патишта до овие нови локации.

Со реализација на овој најнов план, бројот на израелски колонии на оваа територија драстично ќе се зголеми, со што се заокружува еден агресивен инвестициски циклус за време на тековниот мандат на десничарскиот министер.

„Со планираните населби, нивниот вкупен број, за време на четиригодишен мандат на Смотрич, ќе се искачат на 103.“

Exit mobile version