Израел: Иран е вмешан во нападот на Хамас, имаме доказ

 

 

Израел има докази за вмешаност на Иран во терористичкиот напад на Хамас во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а беа киднапирани повеќе од 200, изјави висок израелски воен офицер. Генерал-мајор Мајкл Еделштајн, командант ветеран кој работи со Јужната команда на израелските одбранбени сили, рече дека напаѓачите биле „добро обучени, добро опремени“.

„Дефинитивно можете да ги видите доказите… Имаме докази за вмешаност на Иран“, рече тој на брифинг со новинарите откако израелската војска прегледа речиси 45-минутна компилација од снимките од масакрот на 7 октомври. Командантот не презентираше никакви конкретни докази за иранската вмешаност. Тој, исто така, одби да елаборира за какви докази се работи. „Не можам да објаснам премногу, но можете да разберете што мислам. Не само за опремата, туку и повеќе од тоа“, рече тој.

На прашањето дали собраните докази значат дека борците на Хамас биле обучени во странство, израелскиот офицер рече: „Не можам да објаснам. Жал ми е. Тие изградија места за обука во Газа и можам да кажам дека се однесуваат многу професионално, за жал. На многу злобен начин. Но, вака се обучени да работат“.

Офицерот, исто така, рече дека документите пронајдени на телата на милитантите кои биле убиени во нападот, како и на десетици борци кои биле заробени, даваат докази за конкретните упатства што им биле дадени. „Тие дојдоа со наредба за колење, палење граѓани – не воен персонал, едноставно граѓани“, рече генерал-мајор Еделштајн.

„Тие бараа семејства во еден од кибуците. Едноставно решија да ги запалат семејствата во нивните домови… Од друга страна, земаа живи заложници“, додаде тој.

Израелската влада објави некои од документите за кои вели дека биле пронајдени кај напаѓачите. Меѓу нив еден e опишан како „прирачник за киднапирање“, а за друг се вели дека содржи „оперативни планови“.

Израелскиот претседател изјави за Скај Њуз во неделата дека милитантите на Хамас имаат инструкции како да направат хемиско оружје.

23.10.2023 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега