Израелското Министерство за одбрана соопшти дека вчера на армијата и е испорачан првиот оперативен систем за ласерско пресретнување ракети со голема моќност. Системот, наречен „Железен зрак“ (Iron Beam), е развиен од компанијата „Рафаел Адвансд Дифенс Системс“ и претставува револуција во воената технологија.
Овој ласерски штит успешно помина низа тестирања во кои пресретнуваше ракети, минофрлачки гранати и беспилотни летала. Тој ќе биде интегриран во постоечката повеќеслојна одбрана на Израел, заедно со веќе докажаните системи „Iron Dome“, „David’s Sling“ и „Arrow“.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го оцени овој настан како историски за светската безбедност.
„Ова е прв пат во светот систем за пресретнување со ласер со голема моќност да достигне оперативна зрелост. Системот ги менува правилата на играта и испраќа јасна порака до сите непријатели – не нè искушувајте“, изјави Кац.

