Изневерување во стабилни врски: Зошто мажите се неверни, а зошто жените?

 

Студија во која учествувале 2.000 американски и европски мажи и жени откри зошто луѓето изневеруваат дури и во стабилни врски.

Повеќе од 50 отсто од испитаниците потврдиле дека барем еднаш во животот го изневериле своите партнери. Во Европа 65,5 од жените и 59,8 отсто од мажите тврдат дека изневериле еднаш, а 34,4 отсто од жените и 40,2 проценти од мажите дека тоа го направиле повеќе пати. Во САД само еднаш изневериле 68,2 отсто од мажите и 59,9 проценти од жените.

Сепак, оние кои тврдат дека никогаш не изневериле, велат дека се сдружиле со личности од спротивниот пол со кои не биле во врска.

Една од главните причини зошто кај американски жени изневерувањето е недостатокот на внимание од партнерот, а исто оправдување го имале и европските жени. Втората причина е зашто сакале да се чувствуваат „секси“, но и затоа што другата личност била физички згодна. Причината поради која мажите најчесто изневеруваат е зошто другата личност е физички привлечна.

Освен тоа, 40,6 отсто од жените и 32,9 од мажите признале дека ги изневерувале своите партнери со пријатели, а второ најпопуларно место за пронаоѓање љубовник е работата. Дури 33,3 отсто од жените и 28,6 мажи изневериле со колега од работа.

Истражувањето покажува и оти поголемиот дел од неверните жени и мажи искрено жалат поради тоа. Она што е интересно е дека мажите најмногу се каат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега