Изненадната смрт на поранешната американска пливачка Кејл под истрага

 

 

Поранешната американска шампионка во пливање, Џејми Кејл е пронајдена мртва во домот кој го делела со своето момче на Американските Девствени Острови и полицијата потврдува дека постои истрага за изненадната смрт.

Според американските медиуми, 42-годишната Кејл била пронајдена од нејзиното момче, чиј идентитет засега останува скриен, кога тој се вратил од локален бар и ја пронашол на подот, по што веднаш повикал полиција и брза помош.

42-годишната Кејл настапуваше за САД на Пан-пацифичкиот шампионат во 1997 освојувајќи злато во штафетните трки, а на СП во 1999 година освои сребро исто така во штафетните трки.

27.02.2023 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега