Изминативе 24 часа починаа уште 11 лица од Ковид 19 во Македонија - младо лице ја изгуби битката со вирусот
Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи со КОВИД-19. Починати се 11 лица, а оздравени се 333 пациенти.
Како што соопшти Министерството за здравство починати се по пет пациенти од Скопје (77г, 73г, 63г, 63г, 39г), по двајца пациенти од Кавадарци (77г, 71г) и Неготино (77г, 63г) и по еден пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г). Сите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 537.024 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа